ЛИДЕРОТ на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил и се заблагодари на Фондацијата Фридрих Еберт за, како што напиша, честа, но и одговорноста, поради добивањето на престижната Награда за човекови права за 2020 година.
Во МЕЃУНАРОДНАТА политика, Преспа стана синоним за успехот на дипломатијата и дијалогот, а за нас дома тоа е Договорот кој го потврди и зајакна македонскиот идентитет, пишува на ФБ лидерот на СДСМ Зоран Заев.
ЦИВИЛ ја честита годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор и им оддава признание на лидерството и мудроста на лидерите на двете земји, Северна Македонија и Грција, кои го водеа процесот до негово успешно спроведување.
МЗ укажува дека најверојатно погрешно е протолкувана изјавата на директорката на ГАК, Викторија Јовановска во врска со бројката на позитивни родилки на клиниката за гинекологија.
ЛЕКОТ дексаметазон се покажал како делотворен кај најтешко болните пациенти од Ковид-19, се користи и на Инфективната клиника и се покажал како корисен.
ЧЕТИРИЕСЕТ и девет крвни единици беа собрани денеска во крводарителска акција во Кавадарци. Со цел превентивна заштита од коронавирус, согласно на препораките од надлежните, сите крводарители носеа заштитна опрема, а им беше мерена и температура.
УЧИЛИШТАТА не смеат да им наплаќат на учениците за издавање сведителство за завршено образование, соопштија денеска од канцеларијата на Народниот правобранител.
Во ДИК утре носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.
АРТАН не е ниту на листа на кандидати за пратеници, и не може да зборува за тоа што ќе се случи со изборот на премиерот. Вака му реплицираше неговиот сопартиец, Талат Џафери, кој е носител на листата на ДУИ во петта изборна единица, на шефот на кабинетот на лидерот Али Ахмети.
ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА за економски прашања, Мила Царовска, денеска учествуваше на националната конференција „Социјално претприемништво: Иновативен бизнис – модел за похумано општество“, организирана од граѓанската организација ХЕРА, а којашто се одржа преку електронска апликација.
ОПШТИНА Охрид веќе 3 дена отстранува урбана опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, известуваат нашите извори од терен.
МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче соопшти дека има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови.
– Филипче нагласи дека јавно ќе се објавуваат имињата на тие кои од „икс“ причини не може да им се поделат решенијата за изолација, а искуствата, како што вели тој, покажуваат дека луѓето многу често прават отпор, не соработуваат со инспекторите или со епидемиолозите или даваат грешни податоци.
РАСТ на бројот на заболени од коронавирусот бележат и земјите во нашиот регион. По еден пик на број на новозаболени од почетокот на пандемијата вчера имаа и Бугарија – 112, Албанија – 62, Косово – 141, Босна и Херцеговина – 45 и Србија – 59.
ТЕКСТИЛНАТА конфекција во која деновиве се регистрираат позитивни случаи на Ковид-19, а денеска имa уште неколку работници кои се заразени, се затвора на седум дена.
ESPRESSO: Чулев си прави политичка кампања на сметка на здравјето на граѓаните.
Во ШВЕДСКА бројот на починати од коронавирус достигна 5.041, а вчера изнесуваше 4.939.
А. Н. С.