ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Со развој на социјални претпријатија во кои ќе се вработуваат најранливите ќе се намалува сиромаштијата

June 17, 2020 15:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денеска учествуваше на националната конференција „Социјално претприемништво: Иновативен бизнис – модел за похумано општество“, организирана од граѓанската организација ХЕРА, а којашто се одржа преку електронска апликација.

Конференцијата треба да овозможи поширока јавна дебата и дискусија помеѓу сите засегнати страни во општеството и заедно со праксата што ја има во земјата, спроведените истражувања и анализи, да ги утврди начините и потребите за развој на овој сектор, особено во услови кога, како што вели Царовска, се соочуваме со социо-економска криза предизвикана од светската пандемија.

-Сметам дека е многу значајно што за една ваква важна тема зборуваме во едно специфично време. Социјалните претпријатија се голем ресурс на којшто заеднички ќе треба да се потпреме во наредниот период.  Ако вложиме во претпријатија коишто ќе се грижат, односно ќе ги вклучат најранливите, ќе овозможиме услови за  намалување на сиромаштијата. Како држава тргнавме да воспоставиме еден нов стандард во намалување на сиромаштијата. Засега добро ни оди. Но, вистинското излегување од сиромаштија е вработување и тука го гледам развојот на социјалното претприемништво, коешто го очекувам и од развојот на социјалните услуги на локално ниво, рече Царовска.

Според Царовска, со стратегијата за развој на социјално претприемништво веќе е создаден еко – простор, останува иницијативата на одговорните компании да се вклучат во овие процеси и заеднички да се делува.

-Kонцептот на социјалната економија, се темели на принципите на солидарност и индивидуалното учество во процесот на развојот на активното општество, овозможувајќи висок степен на вработување и подобар квалитет на животот, но и рамка за нови облици на претпријатија и работни места. Она што е започнато досега, а треба да продолжи во наредниот период е активацијата на корисниците на гарантиран минимален приход, вложување во човечките капацитети и создавање на квалификувана работна сила,  за потребите адресирани и од компаниите, подвлече вицепремиерката за економски прашања.

Next Post

Џафери го нокаутира Груби: Тој не е ни на листа за пратеници, не може да зборува за премиер

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk