ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Над 8.5 милиони заразени со Ковид -19 ширум светот

– Во Словенија денеска се потврдени осум нови случаи на вирусот, што претставува пораст во однос на претходната недела. Досега во земјата заболеле вкупно 1.511 луѓе. Владата на седница треба да одлучи како ќе го спречи натамошниот раст на инфекцијата. Бројот на смртни случаи и понатаму останува непроменет – 109.љњ

June 18, 2020 20:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 8.512.149. Од нив починале 453.425, а оздравеле 4.455.611 луѓе.

– Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се 66 новозаразени со Ковид-19, што е за 16 случаи повеќе од вчера, има еден починат и девет оздравени лица. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, од каде се дури 32 од новозаразените или 326 од вкупно 663 лица активни на болеста. Според Министертвото за здравство, поголемиот број од новозаразените во последните денови се вработени во разни бизниси, јавни и приватни институции. Од почетокот на пандемијата,во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје направени се 21.790 тестови, позитивни на вирусот биле 1.788, се излекувале 1.086, додека починале 39 лица. Од активните на болеста – 663 лица, болнички се лекуваат 55, од нив осум се на интензивна терапија, додека двајца се приклучени на респираторна машина.

– Бројот на заразени со коронавирус во Перу надмина 240.000 лица, со што земјата ја надмина Италија по бројот на заболени. Перу се наоѓа на второ место по бројот на потврдени случаи на коронавирус во Латинска Америка, зад Бразил, а на седмо место во светот. Денеска се забележани уште 3.752 нови случаи на Ковид-19. Повеќе од 7.000 граѓани на Перу починале од коронавирус.

– Во Црна Гора се регистрирани седум новозаразени со коронавирус. Во Институтот за јавно здравје анализирани се 200 примероци од кои 193 биле негативни. Четворица од новозаболените се контакти со претходно потврдени случаи, а кај останатите тројца моментно се бара изворот на инфекција.

– Во дом за стари и изнемоштени лица во Виена, кој го зафати коронавирусот, бројот на починати се зголеми на девет, а се претпоставува дека заразата ја проширила една од вработените.

– Во БиХ во последните 24 часа се регистрирани 58 нови случаи на зараза со Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.430 лица. Починати се вкупно 45 луѓе.

– Во Словенија денеска се потврдени осум нови случаи на вирусот, што претставува пораст во однос на претходната недела. Досега во земјата заболеле вкупно 1.511 луѓе. Владата на седница треба да одлучи како ќе го спречи натамошниот раст на инфекцијата. Бројот на смртни случаи и понатаму останува непроменет – 109.

– Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа се потврдени уште 4.930 случаи на коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 159.793. Во земјата се регистрирани уште 770 смртни случаи и вкупниот број на починати во Мексико изнесува 19.080.

– Чешка од 1 јули ќе ја укине мерката за носење заштитни маски во продавници, ресторани и јавниот превоз, но некои превентивни мерки и понатаму ќе бидат во сила, каде постојат локални жаришта на заразата, како на пример главниот град Прага и рудниците за јаглен во регионот Карвина. Од 22 јуни во Чешка ќе почнат да работат базените, музеите, спа центрите, под услов да им обезбедат на посетителите растојание од десет метри. Мерките во училиштата ќе важат до крајот на училишната година.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека заклучно до 15 часот, регистрирани се 24 нови случаи на Ковид-19, а почина уште едно лице. Во земјата има вкупно 3.227 заразени лица и 188 смртни случаи.

– На Кипар во изминатите 24 часа почина едно лице од Ковид-19, а веќе трет ден не е регистриран ниту еден нов случај. Од почетокот на епидемијата, заразени се 985 лица, а починаа 26 позитивни лица на новиот коронавирус, но само кај 19 од нив, Ковид-19 бил главна причина за смртта.

Next Post

За влез во Словенија од БиХ, Србија и од Косово воведен карантин

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk