пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Навистина има некој здраворазумен што е изненаден од ваквата „шокантна“ изјава на Боки 13 одма после изречената затворска казна од 9 години затвор? Што побогу можеше друго да се очекува од Боки, онаков притиснат во очај?
Боки 13 со сета своја театрална појава, сака така гласно и „возвишено“ гротесно да потоне, а и тоа не е ни малку за изненадување, па сега многу е нормално откако го изнаплескаа, да се обиде да повлече што е можно повеќе луѓе со себе дури тоне. На ваква мамка од Боки 13 нормално е да се испофаќаат само очајни политички кленови, кои во недостаток на други аргументи ќе лапнат што и да им се сервира.
Но, има овде еден, односно два аргументи кои никако не им одат во прилог ни на Боки, ни на „кленовите“.
Првиот е зошто побогу Заев прв би го пријавил поткупот наречен „Рекет“ во обвинителството, ако имал макар и мала вмешаност, а не главна улога, за што сега Боки 13 очајнички го терети.
Вториот е уште поочигледен и кажува дека онаков каков што го гледаме, Боки 13, претпоставувам дека му испраќал заканувачки абери на лидерот на СДСМ, дека ако не му помогне, овој ќе зажали и ќе го „отепа“ политички, без разлика дека нема аргументи, а по се што е до сега видовме оној Заев со мало прсте не мрдна на некаков начин да му помогне или да го одолговлечи случајот, или ако не друго, барем да се обиде да одбегне макар и мала политичка штета додека не завршат изборите.
За жал на Боки и „кленовите“, не се случи ни едното ни другото.
Гледам има некакво писмо.
Во јавноста се појави засега едно писмо за кое што се тврди дека е своерачно потпишано од Боки – 13 во август 2019 година, во кое наводно Боки 13 отфрла каква и да е вмешаност на тогаш премерот Зоран Заев.
И тоа писмо, искрено, ама ич не ми е битно кога ги имам двата погоре пишани здраворазумни аргументи за да оценам дали Заев е главата на октоподот, или овие апаши само неуспешно се обидуваат да го потфатат со своите криминални пипци и да го инволвираат.
Не ме чуди Боки, онака исполнет со себе, себепрезадоволен и напувкан да има напишано две писма, едното од другото сосема спротивно и двете преку посредници да му ги има доставено или прераскажано на Заев, кој нели, би му бил единствената сламка за спас на овој очајник. Првото нели да е ова што е објавено во 2019, второто, ако Заев, нели, не ја земе во предвид заканата. Многу мафијашки баш филмски ми звучи ова, но ако се земе предвид какви сè актери од политичко-криминалната, рекетарската и медиумска банда се вмешани што го плетеа и плетат цел овој случај, ќе видиме дека мафијашко можеби е и преблаг збор.
Сигурно Боки си имал замислено дека има моќ со која би го држел Заев на кратка јамка, ама барем до сега освен неаргументирана рекла-казала штета, никаква друга вистинска штета не може да му направи, туку напротив.
Со тоа што Заев имал шанса да не го пријавува и да му помага, а не го стори тоа, па платил за тоа и некаква да речеме, политичка штета, од оние кои нели читаат само наслови и уживаат во теории на заговор што секојдневно ги плетат „кленовите“, е непобитен аргумент.
Тоа би биле вака на прва, претпоставките кои ама баш никако не му одат во прилог на Боки, и на вмровските кленови, што сега ќе се обидат да се упецаат на оваа приказна. Навистина, тие сега немаат ама баш никаков друг избор освен да се фатат на оваа издишена гума за очајнички политички спас што им ја потфрли Боки тредичи, ама бадијала кога е издишана и ќе ги потоне.
Спремете силен желудник, зашто има да се изначитаме секакви повраќаници, до 12 јули, или кога и да е молкот.
Единствено што ми е жал од сето ова, е тоа што спонзорот на ова криминална закуска засега успева законски да одoлее, а тоа е резултат токму на вакви очајници како Боки и мизерната Катица.
Но, како велат, кога-тогаш, ќе ги стигне „слепата“.