Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19.
Починати се 6 лица. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612, соопштува министерот Филипче.