ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

„Дојче Телеком“ ја промовира 5Г-мрежата во Германија со понуда за 16 милиони корисници

5Г не е самостојна технологија, туку дека во голема мерка претставува надградба на веќе постоечката инфраструктура и фреквенциите користени за 4Г и 3Г технологии.

June 19, 2020 20:19
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти дезинформациите дека воведувањето на 5Г-технологии во развиениот свет е закочено, најновите вести укажуваат дека вистината е сосем спротивна на теориите на заговори, јавува МЕТА.

„Дојче Телеком“ објави дека ја пуштаат во погон „најголемата 5Г-мрежа во Германија“, која на почетокот ќе нуди услуги на 16 милиони корисници во над 1.000 населени места. Од компанијата велат дека до средината на јули ќе опфатат 40 милиони корисници.

– Ова е најголемата иницијатива за воведување 5Г во Германија. Ја носиме 5Г и во урбаните и во руралните области на располагање на половина од германското население – изјавил Дирк Воснер, извршен директор на германскиот Телеком.

– Наспроти кризата со корона-вирусот, ја проширивме 5Г-мрежата без застој, дури и пред планираните рокови. Нашите мрежи функционираат без проблеми. Нашите техничари оспособија преку 12.000 антени да можат да пренесуваат 5Г-комуникација. До крајот на годината планираме да надградиме 40.000 антени за 5Г – рекол Воснер на церемонијата наречена „5Г Буст“.

Со цел проширување на услугите со 5Г, „Дојче Телеком“ објави и дека откупиле право на користење дополнителни делови од електромагнетниот спектар. Тие објаснуваат дека 5Г не е самостојна технологија, туку дека во голема мерка претставува надградба на веќе постоечката инфраструктура и фреквенциите користени за 4Г и 3Г технологии.

Без да ги спомене причините за тоа, „Дојче Телеком“ исто така објави дека во тек е постепена замена на уредите произведени во Кина од нивната основна мрежа заради безбедносни причини, а истото ќе се однесува и на 5Г мрежата во изградба.

Како поттик за премин на тарифите кои се компатибилни со 5Г, „Дојче Телеком“ исто така најавува и 100 евра кеш-бек за корисниците кои ќе одберат такви пакети или купат соодветни телефони.

Со цел да охрабри што повеќе луѓе да ја прифатат надградбата, компанијата најави и масовна промотивна кампања, преку која терминот „5Г“  ќе го промовира со боите на нивното лого како „симбол за дигитален оптимизам“.

Цел на кампањата е да ги убеди не само деловните корисници туку и индивидуалните граѓани дека новата димензија на поголеми брзини на пренос на податоците се релевантни за нив.

– Ќе им покажеме на луѓето што овозможува најголемата мрежа за 5Г во Германија. Според нас, 5Г значи дигитален оптимизам – и ние ја поврзуваме оваа технологија со нашиот бренд – изјавил Кристијан Лоеферт, раководителот на кампањата.

Кампањата се води под мото „Со 5Г, веќе ништо не нè разделува“, а започнала со поставување светлосна инсталација со логото и тие букви на телекомуникациската кула „Реинтурм“ (Rheinturm) во Дизелдорф.

Рајнската кула е бетонска телекомуникациска кула висока 240.5 метри, која има и ресторан кој се врти на висина од 170 метри. Била довршена во 1982 година и претставува  туристичка атракција во главниот град на Северна Рајна-Вестфалија, се вели во текст на МЕТА.

Next Post

Состанок за отворање на границите без карантин и тест, засега нема препорака за градинките

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk