ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Според анкетите, сите заразени со Ковид-19 не ги почитувале мерките

ирусот е тука, ќе живеме со него. Мора да научиме да се придржуваме на превентивните мерки. Тоа е единственото решение, тоа нашиот сегашен нов живот, така ќе биде до крајот на годината, и следната година се до наоѓање на вакцината, вели Филипче.

June 19, 2020 19:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не постои ниту еден единствен анкетен епидемиолошки податок кој што укажува дека некој се заразил со коронавирусот ако ги почитувал мерките, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Само Интервју”, на ТВ Канал 5.

– Секаде каде што анализиравме и направивме увид или не се носеле маски или имало голем собир, со огромен број луѓе на мала дистанца, или дистанцата не се почитувала во рамките на некој семејни настани. Ова е уште еден показател дека за да се заштитиме е почитувањето на овие протоколи. Проблемот потекна од 15 до 20 семејства во Скопје, и останати 20 во други делови од Тетово и Куманово. Од тука се тие жаришта од кои 65 до 70 проценти се во рамки на овие кластери, а 30 проценти се контакти надвор од кластерите, рече министерот Филипче.

Тој исто така одговараше на прашања зошто  не се воведе целосен карантин за одредени општини во рамки на град Скопје, при што наведе дека во време кога имаше рестрикција на движењето започна бранот и донеле заклучок дека повторно воведување на такви мерка нема да дадат ефект.

– Ние сметавме дека карантинот не е соодветна мерка, заради тоа што тие луѓе веќе имале контакти низ целиот град. Тие контакти ги идентификувавме на поединечно ниво, ги тестиравме и ги ставивме во изолација. Се сведува на почитување на мерките. Ние се соочувавме со ситуација, со која што луѓето многу често дават невистинити податоци што е за секаква осуда. Не е ограничувањето на движењето трајно решение. Да, во еден момент, но секаде во регионот и во светот се докажува дека после олеснувањето има нови заразени. Вирусот е тука, ќе живеме со него. Мора да научиме да се придржуваме на превентивните мерки. Тоа е единственото решение, тоа нашиот сегашен нов живот, така ќе биде до крајот на годината, и следната година се до наоѓање на вакцината. Суштината е дека не може да живеме затворени, мора да ги почитуваме мерките, порача Филипче.

Тој посочи на податокот и дека третина од починатите во државава од КОВИД доцна дошле на лекар, потенцирајќи дека за секој пацинет е апсолутно направено се./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Дојче Телеком“ ја промовира 5Г-мрежата во Германија со понуда за 16 милиони корисници

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk