Слушам се жалите, гледам плукање по здравствен персонал. Се жалат пациенти дека не биле опреирани и нормално тука и тука новинарите гледаат добра приказна, нов скандал. Не, не драги мои, никој никого не жртвува и не е во колапс здравствениот систем, здравствените работници се во колапс. И ВИЕ ги турнавте во колапс. Баш ВИЕ. Секој ден е нова прераспределба, нова секирација, нови бројки кои не се само бројки за оние кои ги лекуваат, а секако и за тие кои ги изгубиле. Имаме апарати, имаме опрема и не ни требаат експерти од странство, ни треба физичка работна снага на обучени професионалци. Заглавивте со нас, но уште пострашно е дека ние заглавивме со вас. Да, жалам, ќе чекате, може и да не колнете, плукате ама едноставно толку сме и тие сме. Бидете среќни што не имате. И, да, да не заборавам – кога ќе се разболи здравствен работник повлекува минимум 5-6 кои одат во изолација. Ми треба многу простор и време да ви опишам како изгледа еден ден. Само еден ден. И да, да не заборавиме и ние сме само луѓе.
Па би ве замолила да престанете со препукувања и политички флоскули и да помогнете ако можете со вашата свест и совест колку што ја имате зошто очигледно ВИЕ не го почитувате здравствениот систем, ВИЕ го жртвувавте здравствениот систем.
И да драги мои здравствени работници, да се надеваме дека за нас ќе има место барем во шаторите“, додава Мојсова.