Од првиот ден на презентација на новата пропаганда на ДУИ за прв премиер Албанец, многу познавачи на политиката алармираа дека оваа може да биде уште едно од многуте сценарија на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за националистичко подгревање на страстите за политичка придобивка на двете партии.
Последен, аналитичарот Роберт Несими потсети дека оваа игра е слична на таа од 2014 година кога ДУИ бараше 20 пратеници да го условува ВМРО-ДПМНЕ, а овие пак барале 61 пратеник да не бидат условувани од ДУИ.
Денеска, во тој стил, млади активисти, поврзани со ДУИ, а скриени зад движењето „Зошто не?”, одржаа прес конференција токму пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато за јавноста како белата палата каде држеа говор со националистички обвинувања и ја презентираа идејата за прв премиер Албанец.
Интересен беше и фактот дека, иако ДУИ од 2002 годинаа беше дел од секоја власт (со исклучок од 2006-2008), младите сепак обвинија дека во земјата владееле само македонски партии.
„Денеска сме тука, пред седиштата на македонскиот бином (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ), кој реагираше остро на нашата легитимна и правна амбиција, да кажеме дека дојде нашето време”, изјавија на прес конференцијата пред седиштето на ДПМНЕ.
Од оваа партија за цело време, немаше никаква реакција додека траеше прес конференцијата, што уште повеќе ги зголемува сомнежите на јавноста.
А.Зеќири