1) СДСМ: Сите присутни на јавен настан или состанок мора да носат заштитна маска / ВМРО-ДПМНЕ: Лидерот Мицкоски на јавен настан се фотографира со група во која повеќето не носат маска.
2) СДСМ: Сите присутни мора да одржуваат растојание од 2 метри / Селфи со Дурловски во кое промовира „Летувајте во Македонија“, во група од 5 лица кои не одржуваат никакво растојание и не носат маска.
3) СДСМ: Забрането е групирање / Кандидатката за пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска се групира со лица кои не носат заштитна маска на 28 април.
4) СДСМ: Бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца. / ВМРО-ДПМНЕ: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајлоски на 28 мај, во затворен простор со над 40луѓе, од кои половината не носат маска или носат погрешно и не одржуваат дистанца.
5) СДСМ: На јавните настани е забрането внесување на храна и пијалаци. / Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Могила ја започнува кампањата со селфи од средба на која присутните седат на иста маса, без заштитни маски и без дистанца и споделуваат јадење и пиење.