Бујар Османи од ДУИ, долгогодишниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, утрово „сам себе се убијал“, објавувајќи анкета спроведена од маркетинг агенција блиска до нивната долгогодишна политичка љубов.
Ако се соберат процентите од коалициските партнери на СДСМ (16,8%) и ВМРО-ДПМНЕ (15,8%), ќе се добие збир според кој предност од еден процент има токму СДСМ. Лоша математика, наутро в недела, но добар бисер за останатиот дел од денот.