Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19.
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1.926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.942.