ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ветуваат премиер, а главниот вицепремиер на ДУИ рабoтел со 0.0% транспарентност

June 21, 2020 08:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во извештајот за индекс на активна транспарентност објавен од Центарот за цивилни комуникaции и УСАИД, резултира дека многу централни и локални институции предводени од кадри на ДУИ, имаат проблем со транспарентноста.

Најскандалозна ситуацијата е во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од вице премиерот, Садула Дураку. Оваа министерство дојде како замена за доланскиот Секретаријат за спроведување на Рамковниот Договор, и продолжи да се води од кадар на ДУИ, партија која на овие парламентарни избори бара да мандатира премиер.
Во листата од 98 локални и централни институции, на последно место се наоѓа токму министерството предводено од вицепремиерот Дураку, а најтрагичен е и фактот што оваа институција е и едиствена која е оценета со 0.0% транспарентност.
Но не се многу подобри и некои општини предводени од кадри на истата партија (ДУИ). Во групата на институции со слаба транспарентност, на 77 место се наоѓа општина Струга со 39.4% транспарентност, а по неа на 81 место се наоѓа Општина Чаир со само 29.4%. Но други градоначалници на ДУИ успеале да се спуштат и уште подоле од своите сопартијци. Општина Сарај која се води од поранешниот министер за правда, Блерим Беџети, е рангирана на 86 место со 25.4%, а едно место подоле се наоѓа и Општина Теарце со 23.2% активна транспарентност.
Во иста група со министерството на Садула Дураку со “многу слаба” активна транспарентност се наоѓат и уште две општини, Пласница која се води од Исмаил Јаховски, носител на листата за пратеници на ДУИ во 5 Изборна единица и Општина Липково, која во предходниот мандат се раководеше токму од Садула Дураку.
Најдобро рангирана институција која се раководи од кадар на ДУИ, е министерството за економија, која се наоѓа на 29 место и спаѓа во групата со “добра” активна транспарентност. Инаку во првата група “многу добра” каде се рангирани 20 институции, нема ниту една раководена од кадри на партијата на Али Ахмети.
Арбен Зеќири
Next Post

Денес променливо облачно со можни поројни дождови попладне

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk