Завршува изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, кај Алпинистичката карпа. Деновиве се поставуваат реквизитите за адреналинскиот дел, напиша градоначалниокот на Карпош, Стефан Богоев на социјалните мрежи и објави фотографии.
Веќе се завршени игралиштата за фудбал и одбојка на песок, скејт паркот и детското игралиште.
Карпош добива модерен парк, со уредено зеленило и содржини за сите граѓани. #ЗеленКарпош ?