ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневна состојба со Ковид-19 во светот

June 22, 2020 19:32
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.109.885. Од нив починале 471.759, а оздравеле 4.879.462 луѓе.

– Во Србија во последните 24 часа се потврдени 96 нови случаи позитивни на коронавирусот, а едно лице почина. Направени се тестови на 345.260 лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 12.990 лица, починаа 262, а моментално активни се 731 случај. На респиратор се 19 лица, а процентот на смртност е 2,02 отсто.

– Во Косово вчера продолжи трендот на високи бројки на случаи на заразени, а денеска беше забележана и нова жртва на Ковид-19 (70-годишен маж), со што бројката на заболени кои починале од појавата на епидемијата се искачи на 37. Од извршените 439 тестирања во текот на вчерашниот ден, позитивни резултираа 93, додека од вкупно 21.517 тестови, досега како заразени се регистрирани 2.169 лица. Со оглед дека како излекувани се водат 1.047 случаи, од кои 29 вчера, бројката на активни носители на вирусот во Косово изнесува 1.085. Косовските медиуми денеска објавија дека Министерството за здравство препорачало да не се тестираат веќе случаите на контакт, туку само лицата згрижени во одредени клиники и оние кои имаат потешки симптоми на Ковид-19.

– Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа има 33 новозаразени со Ковид-29 од вкупно 543 тестирани. Досега се направени  48.328 тестови, а вирусот е потврден кај 1.594 лица. Заклучно со денешниот ден, излекувани се 996 пациенти, а моментално активни се 552 случаи. Федералниот завод за јавно здравје соопшти дека има вкупно 46 смртни случаи.

– Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани19 новозаразени, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата достигна 2.336. Досега се тестирани 72.746 лица, од кои 268 во последното деноноќие. На болничко лекување се девет лица, никој не е на респиратор.
Како што е соопштено од Националниот штаб за цивилна заштита, вкупниот број починати изнесува 107.

-Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран 21 нов случај на Ковид-19, од кои пет, според грчките медиуми, се од направените тестови по случаен избор на патници од летови од странство. Вкупниот број заразени во земјата се зголеми на 3.287 лица.

– Од направени 1.039 тестови, на Кипар се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 при тестирање на патници кои пристигнале во земјата. Од почетокот на епидемијата позитивни на новиот коронавирус се 988 лица, а во кипарските болници не е хоспитализиран ниту еден пациент.

– Во Албанија, со последно потврдените 33 новозаразени со Ковид-19, вкупната бројка се зголеми на 1.995 лица. Битката со опасниот вирус ја добиле 1.159, ја изгубиле 45, а активни на болеста се 791 лице. Последните денови се зголемува бројот на хоспитализирани и таа бројка е 81, што е највисока досега. Од нив десет се на интензивна терапија и еден е поставен на респираторна машина.

– Бројот на починати од Ковид-19 во Велика Британија денеска се зголеми за 15, на 42.647. Тоа е најниската дневна смртност од оваа болест од средината на март, соопштија денеска здравствените власти. Билансот на жртвите од новиот коронавирус во Британија го достигна својот врв во средината на април, кога во период од девет дена изнесуваше повеќе од илјада починати./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шекеринска: Ова ќе биде двојна историска година – и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ

НАЈНОВО

Скриншот

Дождот ги разубавува улиците на Сеул со скриени уметнички мурали

October 7, 2025

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk