ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОДИХР ја започнува Специјалната мисија за проценка на изборите

Набљудувачите ќе ги следат фундаменталните аспекти на изборите, како што се регистрација на гласачите, регистрација на кандидатите, активности во кампањата и медиумско покривање на кампањата, работата на изборната администрација и релевантните државни органи, спроведување на правната рамка и решавање на изборните спорови.

June 22, 2020 16:56
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) соопшти дека денеска официјално ја започнува Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) за предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година во Северна Македонија.

ОДИХР информира дека распоредувањето на мисијата следува по официјална покана од властите на Северна Македонија. Со Мисијата ќе раководи Лаима Андрикиене од Литванија и таа се состои од главен тим од осум интернационални експерти со седиште во Скопје.

– СМПИ на ОДИХР ќе продолжи со набљудувањето на изборниот процес што започна со Мисијата за набљудување на изборите (МНИ) на тогаш закажаните предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година, кои беа прекинати поради пандемијата со COVID-19. Мисијата ќе ги процени изборите за нивната усогласеност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство, се наведува во соопштението на ОДИХР.

Канцеларијата информира дека набљудувачите ќе ги следат фундаменталните аспекти на изборите, како што се регистрација на гласачите, регистрација на кандидатите, активности во кампањата и медиумско покривање на кампањата, работата на изборната администрација и релевантните државни органи, спроведување на правната рамка и решавање на изборните спорови.

– СМПИ на ОДИХР исто така ќе спроведе квалитативно и квантитативно мониторирање на медиумското покривање на изборната кампања. Мисијата ќе оствари состаноци со претставници на релевантните власти и политички партии, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница. При спроведувањето на своите активности, СМПИ на ОДИХР ќе соработува тесно со здравствените власти на Северна Македонија и ќе ги следи здравствените протоколи коишто ги имаат воспоставено, се наведува во соопштението.

Канцеларијата информира дека СМПИ на ОДИХР нема да спроведе систематско или сеопфатно набљудување на постапките за гласање, броење и сумирање на гласовите на денот на изборите, во согласност со методологијата на ОДИХР за мисиите за проценка на изборите, меѓутоа членовите на мисијата ќе посетат ограничен број на избирачки места на денот на изборите

– Ден по изборите, ОДИХР ќе ги објави своите прелиминарни заклучоци за изборниот процес и ќе разговара за своите наоди на прес-конференција. Конечниот извештај со проценка на целиот изборен процес, кој содржи препораки, ќе биде објавен приближно два месеци по завршувањето на изборниот процес, се додава во соопштението на Канцеларијата на ОДИХР./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

УНХРЦ усвои Резолуција против Северна Кореја поради кршење на човековите права

НАЈНОВО

Скриншот

Дождот ги разубавува улиците на Сеул со скриени уметнички мурали

October 7, 2025

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk