Поради обилните врнежи од дожд, водостоите на реките во западна Србија се зголемуваат, а некаде се излеале од коритата. Како што јавуваат српските медиуми, во попладневните часови се излеала реката Јадар во близина на Осечина при што се поплавиле околу 150 куќи и неколку земјоделски полиња.
Прогласена е вонредна состојба во Осечина, Крупањ, Лозница и Љубовија каде е најкритично. Сообраќајот на неколку регионални патишта е во прекин.
Поради обилните врнежи ви Љубовија се сруши мост и магистралниот пат кон Бајна Башта и Лозница е речиси потполно непрооден. Сообреќајот се обвива по алтернативни правци, меѓу кои е и центарот на Љубовија.
Водената стихија досега поплавила над 500 домаќинства и земјоделско земјиште.
„Претставници на локалната самоуправа и Општинскиот штаб за вонредни ситуации ги следат настаните на терен и се подготвени да реагираат во случај на потреба од евакуација на населението“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.