ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на вести во 18 часот: Нови 90 случаи на коронавирус денес, поригорозно спроведување на мерките ќе даде резултати…

June 22, 2020 18:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на Ковид-19.

ДИМИТРОВ на средбата со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР: Цврсто сум убеден дека и овој изборен процес уште еднаш ќе ја потврди македонската демократија, каква се очекува од земја членка на НАТО и од земја која забрзано се движи кон ЕУ.

ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска посети неколку локации во Охрид каде се спроведени значајни инфаструктурни проекти, а изврши увид и на дел од градежните зафати кои се во тек.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев, во видео обраќање ги подвлече разликите меѓу неговата партија и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, како што вели Заев прави сѐ за да го врати режимот.

И ПОКРАЈ негодувањата на одредена група родители, се одржа квалификационото тестирање во средното медицинско училиште во Скопје.

ФИЛИПЧЕ: Поригорозно спроведување на мерките ќе даде резултат. Секојдневно сме сведоци дека се организираат настани кои се забранети. Сметам дека мора да биде контролата поригорозна.

АКТИВО – Центар за активни граѓани: Задоцнетата финансиска поддршка ќе го заслабне локалниот граѓански активизам и ќе ги оневозможи граѓанските организации да им даваат помош и услуги на ранливите категории граѓани…

СДСМ: Единствен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години додека беа на власт, беше подобрување на квалитетот на нивниот живот. Граѓаните не беа никогаш на дневен ред. За тоа потврдуваат фактите и бројките.

НИКОЛОВСКИ:  Станавме членка на НАТО, влеговме во најмоќниот безбедносен сојуз, партнери сме со најсилните држави во светот.

КАНЦЕЛАРИЈАТА на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) соопшти дека денеска официјално ја започнува Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) за предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година во Северна Македонија.

По ТРИТЕ анкети од американските институти кои најавуваат победа на СДСМ на парламентарните избори на 15 јули, портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, објавија анкета од домашна ангеција која ги фаворизира токму двата долгогодишни партнери.

ПРЕКУ итна неповратна помош, Јапонија обезбеди лекови Фавипиравир (Авиган) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС. Република Северна Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за 100 лица, соопштија од Јапонската амбасада во Скопје.

АЛБАНИЈА неодамна го зголеми бројот на болнички кревети за околу 20 проценти, за да се справи со пандемијата Ковид-19, но повторно оваа земја останува со најмал капацитет на болничка инфраструктура во регионот, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

ОД 1 ЈУЛИ се отвораат сите аеродроми во Грција за летови од странство и целосно се подготвени да ги примат посетителите, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите

КОРОНАВИРУСОТ предизвика страв во Задар откако се дозна дека двајца тенисери, хрватскиот Борна Ќориќ и Бугаринот Григор Димитров и двајца тренери, на Ѓоковиќ и на и Димитров, се позитивни на коронавирусот.

НОВ ЗЕЛАНД  ја продолжи забраната за влез на крузери во земјата и ги заостри карантинските мерки за посетителите откако се регистрирани нови случаи на заразени со коронавирус.

ГЕНЕРАЛНАТА директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, денеска изјави дека е „загрижена поради зголемувањето на насилството врз новинарите“ што известуваат за демонстрации, потсетувајќи дека „слободата на изразување е витален елемент на демократијата“.

СОВЕТОТ за човекови права на Обединетите нации денеска усвои резолуција во која 18-та година по ред се осудува Северна Кореја за кршење на човековите права.

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Димитров на средба со Шефицата на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР

НАЈНОВО

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk