ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ обезбеди европска и безбедна иднина, нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да нѐ врати во мрачното минато

Сакаат да нѐ вратат во минатото. Да ја вратат „заробената држава“, да го вратат партизираното судство, да монтираат судски процеси и пресуди, да продолжат со растење на непотизмот и корупцијата. На 15 јули изборот е јасен, вели Николовски во своето обраќање.

June 22, 2020 16:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:

Се надевам дека наскоро ќе дојде време кога нема да бираме помеѓу партии, туку ќе бираме помеѓу квалитет. И кај еднa и кај другa партија ќе владее демократија и на врвот ќе бидат работливи луѓе, домаќини. А не некои што до власт се грабаат само за да украдат и да наместат некој тендер!

Во политика не се влегува за сопствен бенефит, се влегува за да помогнеш на другите, да и помогнеш на државата да оди напред. За само две и пол години обезбедивме европска перспектива и безбедна иднина на нашата држава. Станавме членка на НАТО, влеговме во најмоќниот безбедносен сојуз, партнери сме со најсилните држави во светот.

Ги почнуваме преговорите со Европската унија, во најкус можен рок ќе станеме дел од европското семејство.

Сето ова отвора врати, нуди можности. Сето ова немаше да биде возможно со партија како ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто тие сакаат држава во која се гледа дали имаш партиска книшка за да бидеш вработен, за да добиеш субвенции, за да ти одобрат пари за лекување или било што. Ним им одговара клиентелизмот и поданичкото однесување. Да наведнеш глава и да добиеш некоја ситница за возврат, додека медот го земаат неколкумина на врвот.

Од среда, со почетокот на изборната кампања која ќе ја водиме согласно сите протоколи за заштита, на нашите сограѓани ќе им ја презентираме програмата за следниот мандат.

За зголемена минимална плата за 40% и просечна плата за 30%. За мерки кои гарантираат развој на земјоделството, на патната инфраструктура, социјалната заштита. За јак здравствен систем и повеќе мир и време за семејството, па во таа насока и недела како неработен ден. Програмата е одлична и едвај чекаме да ви ја презентираме и да ја дискутираме со вас.

Од другата страна се Мицкоски и фејк-њуз ВМРО. За жал, вистинска опасност за државата.

Со неодговорно однесување и негрижа за здравјето на граѓаните, покажаа сѐ што требаше во време на ваква сериозна здравствена ситуација, како оваа со коронавирусот.

На Мицкоски на памет не му паѓаше да ги почитува мерките за заштита, си одеше по теретани и кафеани кога тоа беше забрането, организираше јавни собири без заштита и дистанца, се грижеше само за своите привилегии.

Во таа партрија ништо не е сменето. Мицкоски и друштвото се директни извршители на нивниот ментор од Будимпешта, човекот кој ги координира, Никола Груевски.

Сакаат да нѐ вратат во минатото. Да ја вратат „заробената држава“, да го вратат партизираното судство, да монтираат судски процеси и пресуди, да продолжат со растење на непотизмот и корупцијата.

На 15 јули изборот е јасен.

Да гледаме кон сопствената и иднината на младите или да се вратиме назад кон заробеното минато. Повторно да ја дадеме довербата на опцијата која за само 3 години реши децениски проблеми, или да ги вратиме назад оние кои 11 години ја држеа целата држава во заложништво.

Покажавме дека знаеме и можеме! Ќе одиме напред сите. Сите граѓани, сите партии, сите ние. Заедно! А МОЖЕМЕ уште повеќе, МОЖЕМЕ уште подобро, вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во видео обраќање.

Next Post

ОДИХР ја започнува Специјалната мисија за проценка на изборите

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk