ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во средното медицинско во Скопје сепак се полага квалификациски тест

Револтирани родители и нивните деца протестираа и извикуваа дека бараат да се отвори уште една паралелка за да нема елиминациски тест. Притоа, беше забележливо групирање и непридржување до мерките за заштита од вирусот.

June 22, 2020 15:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter
И покрај негодувањата на одредена група родители, со мало задоцнување тестирањето почна, и до овој момент сè уште е во тек.

Тестовите се полагаат едноподруго, а се состојат од 15 прашања за секој од двата предемета, изјави за МИА Маја Салиу, директор на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, каде што за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик денеска се организира квалификациско тестирање поради поголем број ученици со максимален број (75) бодови од предвидената квота во Конкурсот на МОН.
Пријавени се 164 ученици што завршиле основно образование со успех 5.00, а со Конкурсот се примаат 102 во три паралелки. Почетокот на тестирањето по предметите билогија и хемија беше закажано за денеска во 10 часот, но револтирани родители и нивните деца протестираа и извикуваа дека бараат да се отвори уште една паралелка за да нема елиминациски тест. Притоа, беше забележливо групирање и непридржување до мерките за заштита од вирусот.
Салиу потенцира дека училиштето не организира тестирање, туку само го спроведува, а дека организатори се Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието – кое и ги изработува тестовите и тие се состојат од материјалот кој учениците веќе го совладале во основното образование.
Посочи и дека на пријавувањето за упис минатата недела максимално се почитувале мерките за заштита и дека добиле над 800 пријави за сите образовни профили во ова училиште каде што има паралелки за настава на македонски и на албански јазик.
-Уписот го организиравме со максимално почитување на протоколите, при што беа примени над 800 пријави од ученици и сè се одвиваше во најдобар ред. Согласно Конкурсот објавен од МОН, доколку се пријават поголем број кандидати од предвидениот, а со ист број поени за здравствена струка, треба да се одржи квалификациско тестирање по предметите биологија и хемија. Критериумите, условите и рокот ги одредува МОН, истакна Салиу, додавајќи дека нивна задача  како училиште била да обезбедат услови за полагање согласно со протоколите од МОН и Комисијата за заразни болести./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

Ројтерс: Руските сили ја презедоа контролата врз три украински села низ повеќе региони

July 18, 2025

Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk