Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во пост на Фејсбук напиша за работата на СДСМ во последните години, водени строго од националните и државни интереси, наспроти опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која со своето незрело и неодговорно однесување на чело со лидерот Мицкоски се опасност за државата.
На два дена пред официјалниот почеток на кампањата за изборите, пред целата јавност видлива е јасна разлика меѓу концептот на СДСМ и коалицијата Можеме од една страна и неодговорното, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од другата страна.
Имаме јасна визија за тоа каде треба да биде нашата Република Северна Македонија во 2024 година и посветено работиме на тоа, водејќи се строго од националните и државни интереси.
Покажавме дека не бегаме од дадената одговорност, покажавме дека можеме да се фатиме во костец со најкомплексните проблеми и да ги решиме во интерес на граѓаните и државата, без притоа да правиме какви било калкулации околу партискиот или личните рејтинзи.
Од другата страна стојат Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои не нудат ништо освен враќање на режимот. Тие беа и сѐ уште се без став за кое било стратешко прашање, заглавени во сопственото режимско минато од кое ниту сакаат, ниту можат да излезат. Тоа е партијата во која ништо не се променило, водена од збунет, неодговорен и незрел политичар чие однесување е опасност за државата.
Граѓаните тоа денес го гледаат и чувствуваат.
Затоа, на 15 јули на фер, слободни, демократски и здравствено целосно безбедни избори, граѓаните ќе изберат светла иднина со СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат во мрачното минато на режимот, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ, Заев.
А. Н. С.