Министерот Филипче преку пост на Фејсбук го сподели интервјуто за ТВ Телма на шефицата на канцеларијата на СЗО кај нас, Џихан Тавила која нагласи дека земјава е една од ретките кои прават и постмортем тест на пациенти.
Таа ја пофали транспарентноста на Министерството за здравство за точно и навремено пласирање на информациите за состојбата со коронавирусот и нагласи дека апсолутно не е точно дека имаме најголема стапка на смртност во регионот.
Северна Македонија е меѓу земјите која е најтранспарентна во споделување на бројките и статистиките. Изјавата дека земјава има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава.
Таа е една од ретките земји која прави и посмртен тест, па според тоа потребно е да се биде внимателен кога се прават споредбите меѓу земјите“, изјави шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Џихан Тавила, стои во статусот на Фејбук на министерот Филипче.
А. Н. С.