ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на вести во 15 часот: Реновирани делови на детската клиника, инвестиции во помалите општини, надомест за оние кои останале без работа…

June 23, 2020 15:14
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ВРАБОТЕНИТЕ во јавниот сектор од денеска ќе може да пријавуваат притисоци во предизборен период на алатка која е поставена на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Во УНИВЕРЗИТЕТСКАТА клиника за детски болести изминатиот период комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната за пациентите, со цел унапредување на условите за третман на пациентите, како и условите за работа на персоналот на оваа клиника, соопшти Министерството за здравство.

СПАСОВСКИ: Пандемијата од коронавирусот ја истакна потребата од силни јавни служби и мотивирани службеници со кои се создаваат услови за подобрување на испораката на обврските кон граѓаните.

– Средба на премиерот Оливер Спасовски со Душанка Дивјак Томиќ, амбасадорка на Република Србија, која го завршува својот мандат во нашата држава.

ЦАРОВСКА: Владата има една чиста цел, а тоа е да се инвестира во развојот на малите општини, во помалку развиените региони, затоа што само на тој начин можеме да инвестираме во вистински економски развој во целата држава.

Во ЗАВРШНА фаза е подготовката на основен проект за партерно уредување – реконструкција на пешачка зона на станбено-деловниот комплекс Порта Влае.

СИТЕ кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеца да примаат паричен надоместок.

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ на граѓанските организации кои работат на „Скопје Прајд“ го информираа претседателот Пендаровски за планираните активности кои имаат за цел подигнување на јавната свест, како и музички и културни активности кои ја слават различноста.

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ на подмладоците на 33 политички партии денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори, со што ја покажуваат својата заложба за спроведување слободни, фер и демократски избори и достоинствена и фер предизборна кампања.

СОС Детско село денеска одбележува 19 години постоење и работа со деца без родители и родителска грижа, поддршка на семејства во социјални ризици и млади на кои им е потребна поддршка во осамостојувањето и интеграција во заедницата.

АПЕЛАЦИСКИОТ суд Скопје ги одложи сите јавни седници и расправи закажани во Кривичниот оддел на 24, 25 и 26 овој месец.

МАКЕДОНСКАТА е-спорт екипа освои шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско место во „Counter Strike: Global Offensive“ во европскиот куп на Нации во е-спорт „StayHome European Nations Cup“.

ВЛАДАТА на синоќешната седница донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која од 60 дена на 150 дена е продолжен  временскиот период во кој операторите беа должни да извршат пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат.

МВР ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.

ПОРАДИ обилните врнежи од дожд во Србија, неколку реки се излија, во осум општини прогласена е вонредна состојба, меѓу кои и во Љубовија, каде реката урна три моста, поплавени се 700 домаќинства, а сообраќајот на неколку регионални патишта е стопиран.

ВО седум области во Романија е издаден црвен аларм од поплави поради зголемено ниво на водостојот на реките, а во 27 е издадено портокалово предупредување за водотеците, соопшти денеска романскиот Институт за хидрологија и водостопанство.

СО новодијагностицираните 52 случаи со Ковид -19, во последното деноноќие, во Албанија бројот на заразените ја надмина бројката од две илјади.

НОВАК и Јелена Џоковиќ се позитивни на коронавирус, нивните деца се негативни.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Европскиот Совет, Шарл Мишел, свика вонреден ЕУ самит на 17 и 18 јули, ова ќе биде прва физичка средба помеѓу лидерите откако започна кризата со коронавирусот.

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Обврски од Изборниот законик за радиодифузерите во тек на изборната кампања

НАЈНОВО

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk