ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Подмладоците на политичките партии потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори

Декларацијата за фер, слободни и демократски избори за прв пат беше потпишана во 2014 година.

June 23, 2020 12:45
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателите на подмладоците на 33 политички партии денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори, со што ја покажуваат својата заложба за спроведување слободни, фер и демократски избори и достоинствена и фер предизборна кампања, а воедно и својата решителност да се борат против говорот на омраза и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во општеството.

-Младите за разлика од сениорите успеаја досега низ годините да изградат здрав и квалитетен политички дијалог и тоа го кажувам со цела одговорност. Ние од почетокот на програмата „Политички дијалог меѓу младите политичари“ сме имале најразлични активности во кој тие биле рамо до рамо со повозрасните во иницијативи и начини на решавања на проблеми кои не сме ги виделе. Затоа младите се тие кои ни даваат надеж дека следат подобри времиња на политичката сцена во Македонија, рече Билјана Јанева, извршен директор на Институтот ОХРИД, кој е организатор на потпишувањето на декларацијата.

Таа истакна дека овој процес ќе биде поинаков од сите досегашни поради ситуацијата со коронавирусот и оти можеби ќе биде полн со непознаници, но сепак заедно со политичките подмладоци апелираа младите масовно да учествуваат во него, секако со запазување на сите протоколи за заштита.

Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан кој се одржува пред секои избори. Декларацијата за фер, слободни и демократски избори за прв пат беше потпишана во 2014 година.

Потпишувањето на оваа Декларација треба да пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја, капацитет и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.

Институтот ОХРИД ја спроведува програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари“ од 2010 година. Програмата ги обединува сите активни политички подмладоци и нејзината цел е да негува и гради политичка култура и дијалог, но и да ги гради капацитетите, вештините и знаењата на младите политичари како идни лидери и носители на одлуки./МИА/

Next Post

Спасовски: Стручни јавни службеници за квалитетни услуги кон граѓаните како врвен приоритет

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk