Комисијата за заразни болести го донесе новиот протокол и опиша како треба да изгледа избирачкиот ден и што се им е потребно на избирачките одбори на 15-ти јули.
Пред да отпочне гласањето се препорачува темелно чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси или 70% разреден алкохол. Маските се задолжителни за сите.
„При самото влегување во внатрешниот простор напрово лицето кое гласа ги дезинфицира рацете. При подавање на личната карта ја симнува накратко маската за идентификација и ја држи препорачата на дистанца од членовите на избирачкиот одбор. По завршеното гласање лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете.
„Членовите на ИО ја менуваат заштитната маска на секои 4 часа, додека ракавиците се менуваат при одење во тоалет и при пауза за јадење“, стои во протоколот на Комисијата за заразни болести.
Комисијата во протоколот наведува дека гласачката кутија не треба да се дезинфицира после секој гласач.
Ред за гласање ќе се чека на дистанца од 1,5 до две метри. Задолжително е дезинфекција на рацете пред гласањето, за идентификација пред избирачкиот одбор гласачот ќе треба накратко да ја симне маската. Во документот се вели дека во избирачкото место не смее да има повеќе гласачи од бројот на гласачки кутии или паравани.
Комисијата го прецизираше и начинот на кој што ќе гласаат заразените од Ковид – 19.
Во возилата во кои ќе се пренесува избирачкиот материјал треба да бидат присутни најмногу три лица, стои во протоколот. Со посебна заштитна опрема членовите на избирачките одбори ќе влегуваат во домовите на лицата кои се во изолација. Тие ќе носат мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна хируршка маска и средство за дезинфекција. Лицето кое гласа задолжително носи маска преку нос и уста.
Официјалната предизборна кампања почнува ноќеска на полноќ.