Во анкета на „М – Проспект“, 23,5% од испитаниците се определиле за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, а 21,9 проценти за Коалицијата за Обнова на Македонија, објави Телма.
За ДУИ се определиле 6,4%, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5% од испитаниците.
Анкетата била спроведена на 1003 граѓани во период од 16 до 21 јуни 2020.