„Обезбедивме 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со ковид-19. Сакам да изразам искрена благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се пријавуваат да даруваат и да помагат на нашите пациенти, објави министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи.
Овој здравствен предизвик нѐ сплоти и соедини сите нас, за да го победиме вирусот. Министерството за здравство следејќи ги најновите достигнувања на третман на пациенти со ковид-19, даде согласност за да се воведе протоколот за дарување на конвалесцентна плазма и секојдневно ја поддржува кампањата за дарување на плазма“, рече директорот на Институтот за трансфузиона медицина, д-р Седула Усеини.
Да даруваме крвна плазма. Да бидеме хумани и да спасиме човечки животи. Кој и како може да донира? ?
http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d…/