ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Со отворање на границите и аеродромите нема да се зголеми бројот на дијагностицирани пациенти

Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Не може ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници, вели министерот Филипче.

June 24, 2020 17:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик, изјави министерот за здравство Венко Филипче за време на попладневната посета на Клиничка болница-Битола.

Според Филипче, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

-Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Не може ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти, посочи министерот Филипче.

На новинарско прашање во врска со можностите и условите здравствените работници да користат одмор, министерот Филипче истакна дека ќе се направи систем на автентична организација на секоја јавна здравствена установа.

-Имајќи пред вид дека од почетокот на кризата здравствените работници деноноќно работат, ќе се направи соодветен распоред во секоја ЈЗУ бидејќи на здравствените работници им е потребен одмор но тоа нема да значи загрозување на работењето на јавните здравствени установ, одговори министерот Филипче.

За време на посетата на Клиничка болница-Битола, министерот беше запознат со работата на таа јавна здравствена установа, како и со стартот на новата лабараторија за анализи за вирусот Ковид-19 која работи во состав на Центар за јавно здравје-Битола./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Касами: Коалицијата „Можеме“ ќе победи и ќе освои најмалку 61 пратеник

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk