ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грција лани ја посетиле 948.000 македонски државјани и потрошиле 114 милиони евра

Доколку се направи споредба на бројот на пристигнувања од Северна Македонија во Грција во изминатите осум години, најмногу имало во 2015 година, 3.018.363, а најмалку лани кога за прв пат бројката е под еден милион.

June 24, 2020 07:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година, Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, бројка што е за 20 отсто помала во споредба со туристите во 2018 кога имало 1.187 000, според официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на приходите за Грција од туристите од Северна Македонија, лани достигнале до 114 милиони евра, за 26,3 отсто помалку во споредба со 2018 година. Просечниот трошок по лице е 121 евро, а просечниот трошок по ноќевање, 48 евра.

Конкретните податоци од Банката на Грција ги користи Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси, фокусирајќи се на патниот туризам во Грција во периодот 2012-2019 година, односно го анализира туристичкиот бран преку копнените граници и туристите од Северна Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Романија и Турција.

Минатата година, преку копнените граници, кај јужниот сосед пристигнале вкупно 9.6 милиони туристи, со 38.2 милиони ноќевања и 1.8 милијарди евра приход за Грција.  Со што патниот туризам претставува 30,6 отсто од вкупниот број пристигнувања во земјата и носи 10,1 процент од вкупните приходи.

Конкретно за нашата земја, според анализата на Институтот, како во однос на приходите, така и во однос на бројот на ноќевања, по нагорниот тренд до 2014 година, следи тренд на намалување, а од 2015 опаѓаат и бројот на ноќевања.

Доколку се направи споредба на бројот на пристигнувања од Северна Македонија во Грција во изминатите осум години, најмногу имало во 2015 година, 3.018.363, а најмалку лани кога за прв пат бројката е под еден милион.

Слична е ситуацијата и во однос на бројот на ноќевања. Во 2014 и 2015 година имало над шест милиони ноќевања, а лани 2.348.726.

Со намалениот број пристигнувања и ноќевања се намалиле и приходите за Грција од туристи од нашата земја, па од 203 милиони евра во 2013 година, 261 милион во 2014 и 245 милиони евра пред пет години, лани се намалил на 114 милиони евра.

Северна Македонија е на 27-то место од вкупниот број на пристигнувања во Грција, а на шестото во однос на пристигнувањата по копнен пат.

– Во однос на вкупниот дојдовен туризам во Грција, Северна Македонија се наоѓа на 27-то место, а Грција е популарна дестинација за С. Македонците. Во 2019 година, 30 отсто од трошоците од  туристите од С. Македонија во Грција се во вториот квартал, а 44 проценти во третиот. Исто така, во 2019 година, 27 отсто од пристигнувањата на С. Македонците во Грција се во вториот квартал и 40 отсто во третиот, додека 31 процент од ноќевањата се во вториот и 52 проценти во третиот квартал, пишува во анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бројот на нови случаи со КОВИД-19 и натаму висок, Скопје со најмногу активни случаи

НАЈНОВО

Скриншот

Дождот ги разубавува улиците на Сеул со скриени уметнички мурали

October 7, 2025

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk