Почна изборната кампања на политичките партии за претстојните предвремени парламентарни избори. Кампањата започна „валкано“.
Уште вчера теренот го вжештија хакирањата на официјалните Фејсбук профили на неколку функционери од редовите на СДСМ и од една партиска општинска организација.
Како што пишавме, беа хакирани Фејсбук страните на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, на директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и на Општинската организација на СДСМ од Карпош.
-Хакирана е мојата официјална Facebook страница (Stefan Bogoev). Проблемот е пријавен до надлежните институции и Facebook. Барам итно решавање на овој проблем и враќање на страницата во функција, напиша Богоев на својот приватен ФБ профил.
– Хакирана е мојата официјална Facebook страница (Darko Kaevski). Пријавенo e до надлежните институции и до Facebook. Очекувам враќање во функција на страната во најбрз можен рок. – пишува Каевски на неговиот приватен Фејсбук профил.
На социјалните мрежи осамнаа и скриншотови дека под неосновани пријави и напад била и официјалната Фејсбук страна на министерот Филипче, но нападот бил неуспешен.
Утрово се разбудивме со рекламниот спот од ВМРО-ДПМНЕ наречен „Исправи се Македонијо“.
Спотот од ВМРО-ДПМНЕ одма ги разгоре социјалните мрежи во сеир расположение. Сите го споредуваат и ги асоцира овој спот од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со оние спотови од кампањат на Вучиќ, кои во целиот регион беа проследени со неверување.
Речиси по неполн час од објавувањето, спотот на социјалните мрежи го доби името „поднаведнатите вмровци“.
Коментарите на социјалните мрежи се дека во спотот од ДПМНЕ со поднаведнатите млади, возрасни, рибари, возачи, рекреативци… недостасуваат уште диносаурусите од спотот на Вучиќ, па да биде цело.
– Мицковски го допира згрбавениот граѓанин и овој веднаш се исправа. Хахаххаха мислев Вучиќ е забеган.
– Ко за некој што со полиција го вадат од кафана, ептен погодено ова за исправување.
– Го бараат УСБ-то.
– Скоро ТРИ милиони години по човештвото вмровците, конечно, во време на заев заев заев заев заев се исправија.
– Зашто не кажуете дека почнала зомби апокалипса?
Ова се само дел од коментарите на Твитер и Фејсбук кои во сеир го одбележаа денешниот спот од ВМРО-ДПМНЕ и прв ден од официјалниот почеток на вториот дел од кампањата за предвремените парламентарни избори.
Од она што може да се забечежи на социјалните мрежи и профилите од ВМРО-ДПМНЕ, не стои која агенција ги изработила овој спот. Единствено што може да се забележи е тоа дека покрај нарацијата на Мицкоски, се слуша и гласот на актерот Дејан Лилиќ што се јавува во завршната парола.
Ј. Ѓорѓиоски