ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓаши: Апел до политичките партии да не ги инволвираат децата во кампањата, веќе добивме пријава за злоупотреба

June 24, 2020 22:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги повикува сите политички партии и нивните членови во предизборниот период да посветат должно внимание на децата и почитувањето на нивните права, особено да не ги инволвираат на каков било начин за време на престојните парламентарни избори.

„Политичката злоупотреба на деца и манипулација во интерес на добивање партиски поени со инволвирање деца во медиумски кампањи и политички маркетинг беше пракса на политичките партии и претходно. За жал забележуваме дека истото продолжува. Во Детската амбасада Меѓаши веќе добивме една пријава за политичка злоупотреба на деца во медиумска кампања, во која децата на ним несвојствен начин се претставени како главен мотиватор за политички одлуки кои не ги ни разбираат. Сметаме дека на овој начин преку децата има обид на емотивна основа да се допре до пошироката публика, што за нас е неприфатливо, а нивната улога е од визуелен рекламен карактер, спротивно на суштинските интереси и потреби на децата.

Од досегашното долгогодишно искуство забележуваме дека децата се приоритет на политичките партии само за време на избори, особено во делот на политички кампањи. Од таа причина бараме партиите да го сменат нивниот пристап и децата да им бидат фокус 365 дена во годината и тоа во сферите на подобрување на условите за живеење, образование, здравство, социјални услуги… но не во кампањи каде што се злоупотребуваат како „декор“ и средство за постигнување политички поени. Очекуваме конечно децата да станат интегрален дел од партиските програми, да бидат прашани за нивни мислења при креирањето на програмите и конечно, тоа што го ветуваат да биде исполнето. На ваков начин ќе им се овозможи на децата да бидат активни учесници во креирањето на програмите и активностите од кои тие се директно засегнати.

Со оглед на состојбата со корона вирусот дополнително остро ќе реагираме доколку се забележи присуство на деца на политички собири и митинзи како и за облекување во обележја од одредена политичка партија, користење деца за делење флаери, или лепење постери, сликање или користење детски мотиви, фотографирање со деца или снимање видеа со деца…

Да потсетиме, во 1991 година Собранието на Република Македонија ја донесе Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба. Во истата се вели: Се забранува секаков вид политичка присила и организирање на децата како инструмент за политички притисок и злоупотреба и изложување на нивната физичка сигурност и здравје.

,Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководители. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА.“ (Цитат од Повелбата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија)

Поразително е што не постои суштествен интерес кај политичките партии да направат нешто повеќе од вклучување на децата во политички кампањи.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши во својот Периодичен извештај за застапеноста на детските права во Собранието веќе препорача политичките партии суштински да вградат мерки за подобрување на правата на детето во рамките на нивните политички изборни програми за Предвремените парламентарни избори во 2020 година.

Дополнителни информации за „Периодичен извештај за застапеноста на детските права во работата на македонското Собрание 01 јули – 20 декември 2019 година“ може да најдете на следниот линк:

http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/Periodicen%20Izvestaj_detskite%20prava%20vo%20Sobranieto.pdf

Според направеното истражување во Собранието генерално се забележува непроменета слика во однос на дискусиите поврзани со детските права повеќе години, што остава јасна слика за тоа како политичките партии и нивните претставници гледаат на децата и нивните интереси. Во предизборието децата се користат за добивање политички поени а по завршувањето на изборите за време на мандатот се прави многу малку во нивен интерес. Тие деца се идни гласачи и треба да сме свесни и одговорни какви пораки им праќаме во процесот на нивниот раст и развој.

Исто така апелираме и до медиумите да не рекламираат политички спотови каде се вклучени деца“, се вели во соопштението на Меѓаши.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: 30% повисока просечна, 40 % раст на минимална плата, 21 % повисоки пензии, проширување на грижа за ранливи категории

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk