АНГЕЛОВСКА: 55.000 граѓани веќе ги имаат добиено платежните картички и активно може да ги користат и да купуваат домашни производи и услуги. Вкупно 320 илјади граѓани треба да добијат домашна платежна картичка. Испечатени се 220 илјади картички.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ и носител на листата во четвртата изборна единица, Зоран Заев денес при средба со пензионерите во родната Струмица ги истакна реформите во пензискиот систем, покачените месечни примања на повозрасните граѓани, како и нивната ангажираност во волонтирање.
СПАСОВСКИ: оваа Влада наследи хаос со неплански и недомаќински планови за патишта, што непотребно креирало дополнителни трошоци за санирање на штетите, но тоа не ја обесхрабрило Владата.
ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА Радмила Шекеринска, денес во својство на носител на листата за ИЕ 5, пред руинираниот и заборавен Офицерски дом во Битола порача дека тоа архитектонско обележје ќе го врати својот стар сјај. Заедно со градоначалничката на Битола, Петровска извршија увид во работата на објектот.
МИНИСТЕРОТ за транспорт и врски, Сугарески: Владата предводена од СДСМ инвестира преку една милијарда евра за нова и модерна инфраструктура во државата. Завршивме преку 800 километри патна мрежа, а само во моментов градиме и рехабилитираме преку 400 километри патишта.
ПОД слоганот „Можеме” денеска носителот на изборната единица број шест на коалицијата предводена од СДСМ, Билал Касами ја почна предизборната програма од регионот на Зајас.
Во АНКЕТА на „М – Проспект“, 23,5% од испитаниците се определиле за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, а 21,9 проценти за Коалицијата за Обнова на Македонија
ПОЛИЦИЈАТА ги идентификуваше учесниците во тепачката со стапови во селото Облешево, која синоќа беше објавена на социјалните мрежи. Станува збор за жители на струмичкото село Баница, кои продавале земјоделски производи.
РЕЗУЛТАТИТЕ од првиот конкурс на Агенцијата за филм за 2020 година кој требаше да биде објавен за април-мај месец треба да се очекуваат на крајот од јули, поради вонредната состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19.
СПОРЕД Филипче, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.
НА 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава.
ШПАНИЈА се соочува со уште еден случај на непрофесионална реставрација на уметничко дело. Овојпат се работи за сликата „Дева Марија“ од шпанскиот уметник Бартоломеј Естебан Муриљо кој живеел во 17. век.
НОРВЕШКА планира големо проширување на нафтените истражувања во регионот на Арктикот, и покрај посветеноста во борбата против климатските промени и противењата на здруженијата за животна средина.
А. Н. С.