ВО рамките на партиски предизборни активности, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во својата родна Струмица најпрво оствари средби со граѓаните, потоа ја посети и Бањата Банско, за која, како што и самиот вели, започната е трансформацијата која е прeдвидена да заврши до средината на 2021 година.
– Вечерва влегуваме во нов поход, барајќи поддршка од граѓаните за да продолжиме да ја водиме нашата земја и следните четири години, рече лидерот на СДСМ на граѓанска трибина.
– Заев од Струмица, за кандидатот на ДУИ, Насер Зибери, за кој вели „Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување во опозиција четири години за да може да се реформира да биде добра партија.“
ТЕХНИЧКИОТ премиер Спасовски, на почетокот до кампањата, при својата посета на Куманово оствари средба со угостителите и продискутираа за ситуацијата во која тие се наоѓаат, како и за здравствено-економската криза и Програмата на СДСМ за економијата.
НОСИТЕЛКАТА на листа на пратеници во Изборна единица број 1, Мила Царовска во обраќање по повод стартот на кампањата рече дека на престојните парламентарни избори СДСМ и коaлиционите партнeри ќе го потврдат континуитетот на започнатите реформски процеси во земјата.
ДИМИТРОВ, носителот на листа во изборната единица 1, на првиот ден на изборната кампања рече дека за три години државата е исправена на нозе. Не бевме совршени, посочи, но факт е дека направивме големи чекори напред.
– Минатиот пат кога ВМРО ДПМНЕ се бавеше со обнова, се најдовме на работ на бездна, бевме во ходниците на меѓународните институции, без право на глас. па престанаа и да зборyваат за нас едно време, вели Димитров во гостување на Канал 5.
НОСИТЕЛКАТА на пратеничката листа на ИЕ 2, Сања Лукаревска денеска ја започна кампањата од општина Гази Баба од каде најави кампања безбедна за сите гласачи.
ЈП депонија Дрисла-Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет.
СПЕЦИЈАЛНОТО обвинителство за Косово денеска покрена обвиненија против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Албанија, Илир Мета денеска изјави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели ќе докажат дека се невини.
А. Н. С.