Вицепремиерката Радмила Шекеринска, денес во својство на носител на листата за ИЕ 5, пред руинираниот и заборавен Офицерски дом во Битола порача дека тоа архитектонско обележје ќе го врати својот стар сјај. Заедно со градоначалничката на Битола, Петровска извршија увид во работата на објектот.
Офицерскиот дом во Битола го враќа автентичниот изглед. Овој културно-историски споменик беше оставен на забот на времето од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Сега работите се менуваат. Офицерскиот дом како главна знаменитост на Битола повторно ќе го добие својот сјај.
На мое големо задоволство со Јован Митрески, кандидатите за пратеници на СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска го посетивме ова архитектонско обележје, напиша министерката Шекеринска на својот Фејсбук профил.
А. Н. С.