Носителот на листата во втората изборна единица, техничкиот премиер Оливер Спасовски, на почетокот до кампањата, при својата посета на Куманово оствари средба со угостителите и продискутираа за ситуацијата во која тие се наоѓаат, како и за здравствено-економската криза и Програмата на СДСМ за економијата.
Заштитивме 140.000 работни места, парите ги насочивме кај граѓаните, следува брза трансформација на македонската економија, Можеме!
Во Куманово на средба со угостители зборувавме за мерките што се преземени за поддршка во здравствено-економската криза, како и за мерки од Програмата на СДСМ во делот на економијата.
Пред нас е сигурна иднина! Ја извадивме земјата на прав пат!
Одлуката да продолжиме по правиот пат значи докажано – сигурност за граѓаните и државата и НЕ за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои докажано – се опасност за државата и граѓаните.
Да продолжиме по правиот пат значи никогаш повеќе режим: кражба на народните пари за да се полнат џебови на поединци, поделби на народот, мрачни времиња во коишто се гази врз достоинството на луѓето, значи никогаш повеќе меѓународна изолација, значи Не за опасното рушење на здравствениот систем, на што бевме сведоци повеќе од една деценија.
Куманово секогаш било предводник на нови победи, така било низ историјата и во изборните пресврти и така ќе биде и на овие избори.
Нека ни е со среќа на сите новиот чекор кон уште една, заедничка победа, рече Спасовски за почетокот на изборната кампања.