– АВМУ и МРТВ ќе добијат раководства од професионалци, избрани пред цела јавност, за конечно ослободување од режимот Мицкоски и Димовски веќе нема да го кочат овој процес бидејќи СДСМ ќе освои големо мнозинство пратеници, со што слободата ќе издоминира врз принудата, пишува лидерот на СДСМ Зоран Заев на Твитер.
АВМУ и МРТВ ќе добијат раководства од професионалци, избрани пред цела јавност, за конечно ослободување од режимот. @MickoskiHM и @ilijadimovski веќе нема да го кочат овој процес бидејќи #СДСМ ќе освои големо мнозинство пратеници, со што слободата ќе издоминира врз принудата.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 24, 2020
Деновиве кривична против АВМУ и директорот од ВМРО-ДПМНЕ за некоректна распределба на рекламното време, најави и Движењето БЕСА. За ова кршење на законот од агенцијата предводена од Трајчески, Движењето БЕСА официјално го извести целиот меѓународен фактор во земјава и побарано е да се следи работата на агенцијата и да не се толерираат остатоците од претходниот режим да создадат конфликтни ситуации, непотребни за земја што ќе започне преговори за членство во ЕУ.
Ј. Ѓ.