Во рамките на денешните партиски предизборни активности, претседателот на СДСМ, Зоран Заев од својата родна Струмица каде најпрво оствари средби со граѓаните, а потоа ја посети и Бањата Банско, за која, како што и самиот вели, започната е трансформацијата која е предвидена да заврши до средината на 2021 година.
Денеска во Струмица се сретнав и со моите драги пријатели и другари со кои прославивме многу нови години заедно, штитениците од Бања Банско.
Се радувам дека е започната трансформацијата на ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“, која се планира да заврши до јуни 2021 година. Сите трансформации ќе доведат до отворање на дополнителни 50 станбени единици за живеење со поддршка.
Им порачав дека во овој период особено многу ми е важно да се чуваат, да ги почитуваат сите мерките за заштита од ширење на КОВИД-19. На 15 јули очекувам голема победа на овој концепт и заедно да испишеме една светла и сигурна иднина на нашата земја, вели Заев во својата објава на Фејсбук од посетата на „Бања Банско“.
А. Н. С.