Претседателот на СДСМ и носител на листата во четвртата изборна единица, Зоран Заев денес при средба со пензионерите во родната Струмица ги истакна реформите во пензискиот систем, покачените месечни примања на повозрасните граѓани, како и нивната ангажираност во волонтирање.
За три години пензиите ги покачивме за 1.800 денари и тие ќе продолжат да растат, бидејќи грижата за пензионерите е еднаква како и за сите други граѓани. Со пензионерите од Струмица разговаравме за понудата на СДСМ и коалицијата Можеме на претстојните парламентарни избори. Наша обврска е да им се оддолжиме за трудот што го вложиле додека работеле и ја граделе нашата земја.
Ја зајакнуваме улогата на пензионерите преку нивно волонтирање и ангажирање во локалната средина, за да имаат исполнети денови.
Ги повикувам пензионерите да излезат на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето и да го дадат својот глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“. Да продолжиме сите заедно уште повеќе и уште подобро да ја градиме и развиваме нашата земја, напиша Заев во пост на Фејсбук.
А. Н. С.