Коалицијата на СДСМ изборната кампања ја почна во Струмица. Зоран Заев кажа дека во изминатите три години државата е на прав пат, а економјата е стабилна, растат платите, а паѓа невработеноста. Заев рече дека во кризата зачувани се работни места, а сега имаат план за справување со последиците.
„Имаме план, имаме модел за успешно справување со последиците од корона кризата. За уште посилен економски раст, уште поодговорни институции. Подготвивме мерки кои носат правда и дисциплина. Градиме држава за достоинствен живот за сите. Со СДСМ, македонската иднина е сигурна, безбедна, извесна. На 15 јули секој од нас има јасен и едноставен избор, сигурност или опаснсот. Напред, по прав пат или назад во провалијата.“
Претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски во Охрид одржува граѓанска трибина во склоп на изборната кампања за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули.
„Убаво изгледа вечерва Охрид, сакам да се заблагодарам до сите членки до Унијата на жени тука во Охрид. Ќе ја поразиме оваа тригодишна пандемија од ова раководство на СДСМ, предводена од Зоран Заев. Македонија е пред избори, изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и против една нова енергија којашто ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција. Ќе кажам дека 60 пратеника на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули, историска победа“, рече Мицкоски.