Ко-носителката на листата за ИЕ 1, Мила Царовска, заедно со дополнителната заменик министерка за труд и социјала, Санела Шкријељ беа во посета на првиот центар за поддршка на згрижувачки семејства и најави ист таков регионален центар и во Битола, сѐ со цел да се понуди поголема поддршка за семејствата кои згрижуваат деца кои се во институциите.
Денеска во Скопје бевме во увид на првиот центар за поддршка на згрижувачки семејства во нашата држава! Обезбедуваме поддршка за семејствата кои згрижуваат деца, со цел да обезбедиме топол дом за секое дете.
Уште еден ваков центар е планиран во општина Битола и тој ќе биде регионален исто како и овој. Преку овие центри нудиме поддршка и подготовка на семејствата кои згрижуваат деца кои се во институции, биле во институции или деца коишто имаат ризик да бидат ставени во институции, напиша Царовска во пост на Фејсбук.
А. Н. С.