ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Град Скопје: Субвенции за скопските занаетчии, аплицирање до 15 декември

Повикот е веќе објавен и ќе трае заклучно со 15.12.2020 година. Реализиран ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. Целта на субвенционирањето е да се поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање.

June 25, 2020 13:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јорганџии, опинчари, крзнари, грнчари, шапкари, ковачи, лимари, казанџии, се само некои од занаетчиите кои годинава ќе бидат финансиски поддржани од Град Скопје.

Со вкупно еден милион денари Градот ќе субвенционира набавка на потребни алати и репроматеријали, покривајќи 80 отсто од вредноста, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Поддршката важи за алат и репроматеријал набавен од 01.01.2020 година.

Повикот е веќе објавен и ќе трае заклучно со 15.12.2020 година. Реализиран ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Целта на субвенционирањето, како што соопшти Градот, е да се поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање.

Право на учество на јавниот повик имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од други извори, занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за вршење занаетчиска дејност и вршат занаетчиски дејности во изумирање (јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, производство на музички инструменти и самарџија), како и регистрирани занаетчии кои имаат сопствен или дуќан под закуп лоциран во Скопје, кои имаат намирени обврски кон државата и вработените и кои почнале со работење најмалку една година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии).

Барањето за субвенција заедно со комплетна документација треба да се достави во затворен плик преку Архивата на Град Скопје на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 15.12.2020 година.

Барањето може да се достави и по електронска пошта, со што комплетната документација наведена во барањето, треба да се достави скенирана на е-mail адресата subvencii.zanaetchii@skopje.gov.mk.

 

Next Post

Царовска со Здружението на културни работници за протоколите за фестивали и други манифестации

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk