Носителката на листата за ИЕ 1, Мила Царовска, денес во паркот на Франкофонијата во Скопје одржа средба на отворено со претставници на Здружението на културни работници.
На средбата се дискутирало за условите за организирање културни настани и фестивали во време на светска пандемија, доколку се почитуваат сите строго утврдени протколи. Здружението изјавило интерес преку кампањи да информира за условите кои мора да се почитуваат при такви собири.
Многу корисна и конструктивна средба одржавме денес во „Паркот на „Франкoфонијата“, со преставниците од Здружението на културни работници.
На состанокот се разговараше за предлог протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации во услови на коронавирусот Ковид-19.
Преставниците на Здружението истакнаа дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните.
Здружението е подготвено преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информира граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните, напиша Царовска во пост на Фејсбук.
А. Н. С.