ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Атанасов, Живковиќ и Димитриевски: Кандидатурите за ректор ги ставивме во мирување, не се повлекуваме и не бојкотираме

June 26, 2020 11:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тројцата кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професорите Петар Атанасов, Вујица Живковиќ и Драги Димитриевски, кои вчера соопштија дека нема да учествуваат во денешните избори за ректор, во допис до медиумите укажуваат дека не се повлекуваат од натпреварот и не бојкотираат, туку своите кандидатури вчера ги ставиле во мирување.

– Во текот на вчерашниот и денешниот ден од страна на формални и неформални структури на УКИМ се шират лаги дека се повлекуваме од натпреварот за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Лага е дека ние тројцата кандидати професорите што вчера ги ставивме нашите кандитатури во мирување, се повлекуваме и го бојкотираме изборот. Ние вчера јасно и гласно кажавме дека нашите кандидатури ги ставаме во мирување согласно со извештаите и препораките на ДКСК и ДПИ, наведуваат тројцата кандидати за ректор. 

Во дописот до медиумите го повторуваат нивниот став дека „овие избори за ректор се нелегални, недемократски и неакадемски“ и дека  – „во овој момент Универзитетската изборна комисија не работи во согласност со Законот за високо образование и Статутот на УКИМ“.

-Нашите кандитатури ги ставивме во мирување, затоа што не сакаме да учествуваме на вакви избори и да и дадеме легитимност на целата оваа нелегална постапка. Ние остануваме на ставот дека денешното гласање е противзаконско. Ние се залагаме дека процедурата за избор на ректор треба да биде демократска, транспарентна и без прекршување на законот. Ние бараме фер услови, онака како што пропишува новиот Закон за високо образование. Денешниот ден е обид на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да се спроведат недемократски, нелегални и насилни избори од страна на ректорот Јанкуловски и на Универзитетската изборна комисија, наведуваат Атанасов, Живковиќ и Димитриевски.

Ги повикаа нивните колеги професори и студентите  дека „овие избори за ректор треба да се поништат и да се прогласат за ништовни“, додавајќи дека новиот Сенат треба да избере нова комисија за законско спроведување на изборот за ректор по парламентарните избори.

Next Post

Се одлагаат сите седници и расправи следната недела во кривичниот оддел на Апелација

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk