ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДЗС: Повеќе умрени од родени во 2019

June 26, 2020 10:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците на Државниот завод за статистика во земјава лани се регистрирани 19.845 живородени и 20.446 умрени лица, со што природниот прираст е негативен и изнесува – 601.

Бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти 8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а најмало Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,5 години
наспроти 25,9 години во селските подрачја. При првото раѓање за 2,6 години е помлада мајката од селските подрачја.

Бројот на умрените лица во градските подрачја изнесува 12.831 лице или 62,8 отсто наспроти 7.615 умрени лица или 37,2 проценти во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 29,9 отсто, а најмало Северо-источниот регион со 8,1 процент. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 66 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 46 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73,7 години наспроти 73,8 години во селските.

Природниот прираст кај населението од градските подрачја, е негативен и изнесува –1.059 лица наспроти позитивниот природен прираст во селските подрачја кој изнесува 458 лица. Во шест региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот и Североисточниот регион.

Податоците за внатрешните миграции на ниво на регион покажуваат дека најголемо учество од 36,3 отсто имаат преселбите од село во град, додека меѓуградските преселби учествуваат со 8,2 отсто.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 51,8 проценти, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби кои учествуваат сo 61,5 отсто.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион (1.233), а најмало во Југоисточниот Регион (- 58).

Next Post

Регистрирани 672 прекршоци за неносење маски

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk