Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на клиниката Букурешт во Скопје за медиумите изјави дека сите вработени во Брзата помош ќе добијат зголемување на примањата како награда за нивната работа и истакна дека капацитетот на итната служба е зголемен за 150%, со 20 финкционални возила и 9 активни екипи.
Сите вработени во брзата помош заслужуваат огромни пофалби за нивната макотрпна секојдневна работа, особено во овој период кога се соочуваме со коронавирусот. Тие, како што веќе најавивме ќе добијат соодветна награда за нивната работа – зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем.
Капацитетот на Службата за итна медицинска помош во Скопје го зголемивме за 150%. Од 7, сега има близу 20 функционални возила, а околу 9 екипи се цело време активни на терен. При денешната посета во Поликлиниката Букурешт разговаравме со вработените за предизвиците со кои се соочуваат при транспортот на пациенти, а пред сѐ со пациентите кои се дијагностицирани со вирусот Ковид-19, напиша Филипче од посетата на болницата Букурешт во Скопје.
А. Н. С.