ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Македонскиот политички хорор

Лагите во македонските политички кампањи, освен да обезбедат политичка предност, имаат уште една намена. Тие не служат само за да се излажат гласачите, туку протагонистите да се убедат самите себеси дека се убави и паметни, чесни и достоинствени. Мора тоа да бидат енормни количини на лаги, помогнати со тешки седативи за умртвување на мозочните ќелии, ама до последната, за да се уништи секоја шанса за освестување.

June 26, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Има еден филм, чиј наслов е прилично ироничен, „Прочистување“ (The Purge, 2013) во кој се опишува една дистопија на американското општество во кое се прогласува 12 часовен период кога законот не постои. Нема да бидам спојлер, па нема да го раскажувам овде. Само ќе споменам дека се работи за напната и крвава филмска приказна која спаѓа во жанровите акција, драма и хорор, говори за тоа што се случува кога ќе се аболира законот, за импулсот на дел од луѓето да ги убијат сите што им пречеле некогаш…

Со години наназад, изборните кампањи на некои ликови на македонската политичка сцена наликуваат на такво „прочистување“ – како да не постои закон, како да нема правила, како да нема утре. Не се натпреваруваат на политичкиот панаѓур, туку одат на уништување на противникот. Тоа е прилично разбирливо, бидејќи се работи за длабоко всаден политички инстинкт за преживување. Навистина, инстинктот за преживување е само една од пораките што повеќе генерации политичари ги носат во своите политички генетски структури.

Се разбира, првата и основна „генетска“ порака на просечниот антипрогресивен македонски политичар е да дојде до власт (како било), да се одржи на власт што е можно подолго, да приграби што е можно повеќе богатства за себе и за своите блиски и да обезбеди неказнивост.

Кога велам просечен македонски политичар, не мислам дека тоа се и просечни луѓе. Напротив, многумина од нив се далеку потпросечни ликови. Погледнете ги, слушнете ги, знаете на кого мислам. Под услов да не сте претворени во зомби.

Особено последната фаза, пред тоталниот распад на одредена политичка клика, битката за спас од одговорноста, таа фамозна неказнивост, е придобивка што грчевито се брани, по секоја цена. Тука лежи причината за сета таа неизмерно мрачна кампања, притоа и неиздржливо валкана и вулгарна. И без оглед на тоа дали ќе се доживее пораз на изборите, освојувањето на што е можно повеќе места во законодавниот дом е императив, затоа што секое место повеќе во парламентот, значи можност повеќе за уценување, блокирање, извлекување… Затоа, без оглед на тоа колку некој се заканува со бојкот, тоа не е добра опција.

Местата во парламентот веќе одамна се тезги на кои се пазарат најгрдите политички придобивки што може да ги понудат одредени криминални групации организирани во политички партии. Некои нема да успеат да влезат во парламентот, но освоените гласови им носат пари. Тоа е особено примамливо за оние мали криминални гнезда составени од по неколку психопати за кои законот обезбедил повеќе од пристојни суми за годишен буџет. Сто илјади евра не се малку пари за некој што води партија составена од само неколку абдали и два-тројца препредени апаши.

И да се вратиме на македонската политичка хорор приказна на „прочистувањето“. Во таа приказна, ги гледаме протагонистите за кои најдобро би било кога „непријателите“ би ги снемало, ама не да исчезнат, туку да бидат потопени во сопствената крв во брутален ритуал на јавна егзекуција. По можност, „непријателот“ да може да се погуби на виртуелните и реалните плоштади повеќе пати, за уживањето во уништувањето на противниците да биде повеќе пати повторена катарза.

Кому му треба тоа? Зошто мора постојано да се биде мрачен и насилен, деструктивен, психопат…? И кому му треба да лаже? Лагите во македонските политички кампањи, освен да обезбедат политичка предност, имаат уште една намена. Тие не служат само за да се излажат гласачите, туку протагонистите да се убедат самите себеси дека се убави и паметни, чесни и достоинствени. Мора тоа да бидат енормни количини на лаги, помогнати со тешки седативи за умртвување на мозочните ќелии, ама до последната, за да се уништи секоја шанса за освестување.

Тотална политичка зомбификација, состојба во која политичките мртовци не се сеќаваат на минатото, не ја чувствуваат сегашноста и не знаат што значи иднина. По нив, ги влечат своите нозе, со лица изобличени од глупост и омраза, сите до кои ќе допре здивот на деструкцијата и бришењето на сеќавањата и сите што ќе се согласат да станат зомби.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, пазарот на производи за деца е на работ на колапс

May 14, 2025
Генерирано со ВИ

(ФОТО) Шимпанзата користат растенија за лекување на рани

May 14, 2025

Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk