ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Никола Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ

УИК наведува дека според доставените записници од изборните комисии, гласањето поминало без проблеми и неправилнсти. Како што е наведено во Записникот во прилог кон Одлукат,  според избирачките списоци на единиците, запишани се вкупно 1450 гласачи, од кои 30 гласачки ливчиња за ФДУ, поради одлуката на нивниот Наставно-научен и уметнички совет за неучество, останале во архивата на УИК.

June 26, 2020 22:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според која за ректор на УКИМ е избран досегашниот и актуелен – проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, пренесува МИА.

Во Одлуката УИК наведува дека таа е врз основа на сумираните резултати од тајното гласање што денеска беше спороведено на единиците во состав на УКИМ.  Составен дел од Одлуката е и Записник на УИК од сумираните резултати од гласањето, потпишан од седумте члена на Комисијата, а според кој Јанкуловски освоил 3.604.454 поени. Најмалку од седумте кандидати за ректор на УКИМ освоил кандидатот Јане Ацевски (89.902 поени).

Денеска од 12 до 14 часот се гласаше на 22 од 23-те факултети на УКИМ  и на пет институти во состав на Универзитетот.. Гласање немаше на Факултетот за драмски уметности зашто оттаму не прифатија нивни професори да бидат во состав на изборна комисија на нивниот факултет, а  УИК не им назначи друга комисија. Наставно-научниот и уметнички совет на ФДУ на 23 јуни одлучи да не учествува на изборите со став дека тие треба да бидат одложени поради бројни  законски прекршувања на целокупната постапка за избор на ректор, како и со оглед на отпочнувањето на парламентарните избори во државата.

УИК наведува дека според доставените записници од изборните комисии, гласањето поминало без проблеми и неправилнсти. Како што е наведено во Записникот во прилог кон Одлукат,  според избирачките списоци на единиците, запишани се вкупно 1450 гласачи, од кои 30 гласачки ливчиња за ФДУ, поради одлуката на нивниот Наставно-научен и уметнички совет за неучество, останале во архивата на УИК.

Комисијата соопштува дека гласале 942 члена на Наставно-научните/Научните совети. По извршеното гласање, 478 гласачки ливчиња се неискористени и 106 се неважечки.

Во Записникот се доставени резултатите од гласањето изразени во број на поени што ги освоил секој кандидат на секоја единица. На листата се седум кандидати кои се кандидираа за ректор по огласот од 30 мај 2020: актуелниот ректор Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет; Јане Ацевски и Коле Василевски од Шумарскиот факултет, Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, Петар Атанасов од Институтот за социолошко-правни истражувања, Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование и Драги Димитриевски од Земјоделскиот факултет.
Нивните програми за работа УКИМ ги објави на веб-страницата, но тројца кандидати, Атанасов, Живковиќ и Димитриевски, вчера соопштија дека  нема да учествуваат на овие избори зашто ги сметаат недемократски и нетранспарентни, а и поради ставот на Антикорупциската комисија дека избори за ректор не треба да има зашто се распишани Парламентарни избори. Соопштија дека кандидатурите ги ставаат во мирување, но  нивните имиња беа денеска на гласачките ливчиња запто не ги повлекле кандидатурите.

-Мандатот на избраниот ректор трае три години, почнувајќи од 15 септември кога стапува на должност. Правата и обврските на ректорот се утврдени со Законот за високото образование, Статутот и со други акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето, пишува во Одлуката на Универзитетската изборна комисија под претседателство на проф. д-р Гордана Лажетиќ, која вечерва беше објавена на веб-страницата на УКИМ.

Наведено е и дека врз основа на член 182 од Статутот на УКИМ, до Комисијата може да се поднесе приговор на Одлуката во рок од три работни дена.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Продолжува непочитувањето на задолжителните заштитни мерки на предизборните собири на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk