Вечерва на социјалните мрежи беа објавени фотографии од мини- митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Битола. Како што може да се забележи, собирите иако се на отворено, не се почитува задолжителното растојание од 2 метри, а и ретко кој носи заштитна маска, која најчесто на насобраните граѓани им е ставена под брадата.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат објави список од 138 државјани на Македонија кои одбиле да ги примат решение за самоизолација.
Во списокот се наведени 104 имиња на лица од Скопје и блиските приградски општини. Станува збор за лица кои не примиле решение за изолација и или за самоизолација. Списокот е објавен денеска во македонските пишани медиуми.
На списокот, освен Скопјани, има 28 граѓани од Штип, од Гостивар се четворица, како и еден од општина Желино. На списокот нема жители од други општини и градови.
Дел од граѓаните потоа сами се јавиле и го подигнале решението, додека дел го примиле решението преку пошта.
Првично инспекторатот не можеше да најде повеќе од 450 луѓе.
Д.Е.