Нова аудио снимка се појави на„Јутуб“, од разговор меѓу Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и осудениот во случајот Рекет, Зоран Милески-Кичеец, пренесе А1 он.
Од она што може да се слушне од разговорот, Христијан Мицкоски и Орце Камчев имале средби и состаноци, при што Мицкоски се жали дека е сликан на некоја од тие средби, зашто Камчев е под ПИ мерки. Мицкоски вели дека не е сликан лично, туку дека сигурно е сликана колата со која доаѓал во објектот. На снимката се слуша и женски глас (истиот женски глас од претходните аудио снимки):
„Кога беше кај нас, го имаат сликано како има дојдено. Пошто Орце беше под ПИ мерки“.
Претходно беа објавени неколку аудио снимки од кои се слуша дека Христијан Мицкоски имал средби со Зоран Милески Кичеец, иако Мицкоски пред тоа негираше дека некогаш се сретнал со Кичеец.