ЗАЕВ: Ја носиме Европа дома, обезбедуваме еднакви услови, какви што имаат вашите врсници во западниот свет. До 2024 година ќе ги реконструираме сите студентски домови и двојно ќе го подобриме квалитетот на исхраната.
ДИМИТРОВ: Европската Унија досега се покажа како вистински партнер и поддржувач на Западниот Балкан при справување со пандемијата, создавајќи едно чувство на заедништво и припадност како да сме скоро дел од ЕУ, што се надеваме ќе следи и во претстојниот период при носењето одлуки од страна на Унијата.
На ПОСЛЕДНАТА аудио снимка објавена на интернет јасно се слуша како Мицкоски на Кичеец и Алексовска им се жали дека го посетувал Камчев, но дека сигурно е снимен како со колата влегува во неговиот дом затоа што во тој период Камчев бил под ПИ мерки и го следеле надлежните органи.
СДСМ: Мицкоски денеска призна, одел на контрола кај докторот за финансиски криминал и тајкун на ВМРО-ДПМНЕ Орце Камчев. Откако неговата директна поврзаност со Камчев излезе на виделина, останува Мицкоски да излезе и да каже за неговата евентуална вмешаност во случајот познат како „Рекет“
ФЕЈСБУК пост на Офелија Димковска: Мицкоски е само продолжение на штетата што еден ментор ја остави зад себе. Да дофасадира она што остана нефасадирано. Симболички и фактички. Бахатоста што ја покажува, никако не треба да се занемари.
МИНИСТЕРКАТА Нина Ангеловска во пост на Фејсбук го охрабри плаќањето со картички на ПОС терминали како побезбеден начин наспроти готовинско плаќање кое може да е преносител на Ковид. Ангеловска ги поттинкува оние трговци кои ќе сакаат да бидат дел од прометот со домашните картички да набават термнал.
ИЗНАОЃАЊЕТО можности за идни заеднички инвестиции за зголемување на квалитетот и понудата што ги има Градскиот трговски центар во Скопје, беше тема на денешната работна средба на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска со директорот на Градски трговски центар, Ѓоко Трајчевски и претставници на Здружението на стопанственици и дуќанџии на ГТЦ.
– За овие 2 и пол години е направено многу за враќање на животот и амбиентот во ГТЦ, напиша вицепремиерката и носителка на листата на ИЕ 1, Мила Царовска.
Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 1.074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, информира министерот Филипче.
СУГАРЕСКИ: Обезбедивме преку 577 илјади евра за реконструкција и санација на локални патишта и улици во Кривогаштани, а годинава започнуваме и со рехабилитација на регионалниот пат од Кривогаштани до Крушево.
Од ПОЧЕТОКОТ на јули ќе почне исплаќањето на средствата за „зелената нафта“, најави денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски на работната средба со претставниците на здружението „Бело злато“ и со земјоделци од кочанскиот регион.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Охрид Констатин Георгиески и претседателот на Националната комисија на УНЕСКО Едмонд Адеми денеска извршија увид во активностите за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро, после акцијата за отстранување урбана опрема и бесправни градби поставенни надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.
Во ГРЦИЈА не постои официјална одлука за продолжување и по 1 јули на забраната за летови од девет земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
МЕНАЏЕРОТ на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер му го честиташе на вечниот ривал Ливерпул за долгоочекуваниот триумф во Премиер лигата, но призна дека да го гледа ова било „болно“.
А. Н. С.